Американскиот оддел за труд објави дека стапката на невработеност е 3,5% или втор месец по ред, при што се пролонгира рекордот од половина век. Има помалку вработувања ( 145.000 ). Тоа е помалку од ноември ( 265.000), кога имаше пораст на вработувањата поради штрајкот во Генерал моторс.
Американската економија надодаде 2,1 милион работни места лани. Но, во 2018-та беа отворени 2, 7 милиони работни места.
Зголемениот број на нововработени придонесе за поголема потрошувачка моќ. За време на сезоната на празници има пораст на потрошувачката од 3, 4 проценти споредно со претходната година, според Mastercard SpendingPulse. Ова придонесе за бран вработувања во малопродажбата, и во тоа време секторот генерираше нови 41.200 работни места во декември.
Во хотелската индустрија, која вклучува ресторани и хотели, се отворени нови 40.000 работни места. Во областа на здравствената нега и социјалната помош беа отворени 33.900 нови работни места.
Најслаб сектор е производствениот. Лани поради трговските тензии меѓу САД и Кина има забавен глобален растеж во оваа сфера. Проблемите со безбедноста на леталата на Боинг исто така се одразија врз нарачките на авиони и делови за нив.
Facebook Forum