Американскиот растеж забави во мај, а нема очекуван пораст на платите, што сугерира недостиг на моментумот во економската активност на пазарот на трудот. Тоа може да ги зголеми повиците да реагираат Федералните резерви и да ги намалат каматните стапки годинава.
Петочниот извештај на Одделот за труд е објавен пред неодамнешната ескалација на трговската напнатост меѓу САД и двата главни трговски партнери, Кина и Мексико. Економистите предупредија дека трговската битка може да ја поткопа економијата, која слави 10-годишен растеж следниот месец, најдолг досега.
Но, домашната економија засега беше отпорна на трговската војна со Кина. Претседателот Трамп во мај додаде дополнителни царини од 25% на кинески добра од 200 милијарди долари, што наиде на возвратни мерки од Пекинг.
Минатата недела Трамп најави дека ќе воведе царини врз сите производствени добра од Мексико, ако не преземе итно мерки за запирање на бранот мигранти кон американско-мексиканската граница. Во моментов се водат преговори меѓу двете држави за избегнување на дополнителните 5% царини коишто треба да стапат во сила на 10-ти јуни.
Стапката на невработеност и натаму на 50-годишно рекордно ниво од 3,6% во САД.
Секторот за производство ќе биде будно надгледуван од економските аналитичари за евентуално влијание од царините врз економијата. Има забавување за нови вработувања по фабриките, главно поради напнатоста околу новите трговски царини. Во секторот за градежништво во мај биле вработени 4000 работници, според извештајот на Одделот за труд.
Facebook Forum