Линкови за пристапност

Економијата на САД додала 175.000 работни места


Стапката на невработеност е во постојано опаѓање последниве четири години, но економистите велат недоволно

Американскиот работодавци додадоа 175.000 работници на нивните платни списоци, што е продолжување на стапката на вработување по двомесечен застој на пазарот на трудот.

Одделот за труд објави дека стапката на невработеност е нешто повисока од 6,7 проценти оставајќи 10,5 милиони работници и натаму се невработени. Повеќе од една третина од нив се без работа шест месеци или подолго.

Американската стапка на невработеност постојано опаѓа во последните четири години во време кога најголемата економија во светот се опоравува од најголемата рецесија по времето на Големата депресија во 1930-тите.

Економистите подвлекоа дека дел од подобрувањата на пазарот на работна сила се должи и на фактот што илјадници фрустрирани невработени не можејќи да најдат работа се откажале од барање и затоа не се вклучени во статистиката на владата за севкупниот процент на невработени.
XS
SM
MD
LG