Линкови за пристапност

ФБИ: 2019-та – најсмртоносна со жртви од домашен тероризам


Во најсмртоносниот напад врз латиноамериканската американската историја, 21-годишен бел националист минатиот август уби 22 луѓе, а повреди 24 во Волмарт во Ел-Пасо, Тексас.

Директорот на ФБИ Кристофер Вреј изјави дека 2019-та е најсмртоносна година за домашниот тероризам од бомбашкиот напад со камион во Оклахома сити во 1995-та, при што додаде дека порастот на расно мотивираните насилства се национален приоритет за Бирото.

„Порастот на насилства во 2019-та, го истакнува продолжувањето на заканите од домашниот насилен екстремизам“, изјави Вреј во подготвеното сведочење пред правосудната комисија во Претставничкиот дом. „Таквите криминални престапи не се ограничени само на САД, туку со помош на групи кои шират омраза преку Интернет, може да ги надминат границите.

Терористичките напади од бели националисти и друг вид на домашен екстремизам е во пораст изминатите години. Според ФБИ, при напади од домашен насилен екстремизам, животот го загубиле 39 луѓе во пет одделни напади за време на фискалната 2019-та. Колку за споредба, биле регистрирани само четири жртви во четири екстремистички напади за време на фискалната 2018-та.

Во најсмртоносниот напад врз латиноамериканската американската историја, 21-годишен бел националист минатиот август уби 22 луѓе, а повреди 24 во Волмарт во Ел-Пасо, Тексас.

Бомбашкиот напад во Оклахома сити, во кој загинаа 168 луѓе, а беа повредени повеќе од 680, останува најсмртоносен акт на домашен тероризам во модерната американска историја.

Изминатите години, ФБИ ги удвои напорите во справување со домашниот тероризам.

ФБИ спроведува истрага против четири категории на насилен домашен екстремизам – расно и етнички мотивиран, анархизам, анти-владин екстремизам и насилен екстремизам против абортус и екстремизам за животната средина.

ФБИ има повеќе од 1000 активни истраги за домашен тероризам во сите 50 држави.

„Заканата е реална, ги погодува сите, и малите и големите заедници“, предупреди Вреј.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG