Линкови за пристапност

Доларот станува небезбедна валута


Доларот станува небезбедна валута
Доларот станува небезбедна валута

Инвеститорите се фокусираат на други валути, како јапонскиот јен и швајцарскиот франк

Довербата во американскиот долар слабее како резултат на стравувањата на инвеститорите од нестабилната економска клима во САД и способноста на владата да се справи со националниот долг.

Со години, додека економистите ширум светот беа со доза на скептицизам, инвеститорите на американскиот долар гледаа како на безбедна инвестиција, а на САД како светски најверодостојна земја за отплата на долгови. Но, со неодамнешното намалување на врвниот кредитен рејтинг, инвеститорите го вртат вниманието кон други валути, како јапонскиот јен и швајцарскиот франк, кои ги сметаат за постабилни во моментов, и кои стануваат алтернативни валути во услови на економска неизвесност.

Како резултат на овој тренд, доларот деновиве ја губи вредноста наспроти јенот и франкот, иако владите на Јапонија и Швајцарија стравуваат дека нивните валути премногу добиваат на вредност, што оди на штета на продажбата на нивните производи во странство.

XS
SM
MD
LG