Линкови за пристапност

Бајден, Сандерс и Ворен – во фокусот на дебатата во Хјустон


Ова е трета дебата меѓу демократските кандидати, коишто треба да изберат номинација која ќе се соочи со републиканскиот претседател Трамп, кој е во кампања за реизбор во Белата куќа на изборите во ноември 2020-та.

Десет водечки демократски претседателски кандидати дебатираат вечерва во Хјустон, сојузната државата Тексас, но фокусот најверојатно ќе биде на три главни претенденти за партиската номинација – поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс. Останатите седум кандидати ќе се обидат да се наметнат при изразување на ставовите во дебатата, која ќе биде пренесувана во живо во ударен вечерен термин.

Дебата на демократите во Мајами
Дебата на демократите во Мајами

Ова е трета дебата меѓу демократските кандидати, коишто треба да изберат номинација која ќе се соочи со републиканскиот претседател Трамп, кој е во кампања за реизбор во Белата куќа на изборите во ноември 2020-та.

Тричасовната дебата во Хјустон е прва од крајот на јули. За разлика од претходните две, ќе се одржи само една ноќ.

10-те претседателски кандидати ги исполнија условите да обезбедат место на вечерашната дебата – донации од најмалку 130.000 луѓе, најмалку 2 % поддршка на четири анкети ширум САД или во сојузни држави каде најрано се одржува гласањето следната година.

Првата дебата меѓу демократите за партиската номинација се одржа во февруари, но од последната дебата пред шест недели, бројни анкети на национално ниво покажуваат тесна трка меѓу главните претенденти за номинација, додека останатите - заостануваат.

Бајден, поранешниот потпретседател во времето на Обама со два мандата, и 36 години сенатор, води со околу 30 проценти поддршка. Ворен, поранешна професорка по право на Харвард и сенаторка од североисточната држава Масачусетс, и Сандерс, само-идентификуван демократски социјалист и сенатор од Вермонт, се виртуелно изедначени во повеќето анкети. Ворен и Сандерс заостануваат по 10 поени зад Бајден во некои држави, каде има рано гласање. Ниту еден од другите кандидати нема над 10 процентна поддршка на национално ниво.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG