Секретарот за одбрана Aштон Картер изјави дека нема ниту желба за враќање кон Студената војна ниту пак за нов конфликт со Русија и оти економските санкции имаат ефект во справувањето со руската агресија во Украина.
Тој зборуваше на форум во Берлин каде имаше средба со германската министерка за одбрана Урсула фор дер Лејен. Обајцата денеска патуват за градот Мунстер каде ќе се сретнат со колегите од Норвешка и од Холандија.
Картер рече дека додека Западот не бара да биде непријател со Русија, ако биде неопходно, сепак, ќе се брани:
„Украина е само дел од пошироката загриженост деновите во врска со Русија. Ние одговараме со балансиран стратешки пристап, коишто треба да осигури Русија да не може со сила да принуди враќање во минатото, но истовремено ја охрабруваме Русија да се заврти кон иднината“, изјави Картер.
Картер утре патува за Естонија на средби со министрите за одбрана од Естонија, Латвија и Литванија – сите држави кои едно време беа под влијание на Москва и Советскиот сојуз.
Разговорите доаѓаат спроти средбата на НАТО во среда и четврток во Брисел каде треба да се дискутира за плановите за справување со Русија по припојувањето на Кримскиот полуостров и давањето поддршка за украинските сепаратисти.