Линкови за пристапност

Се` уште нема политички договор за долгот на САД


Се` уште нема политички договор за долгот на САД
Се` уште нема политички договор за долгот на САД

Никој не отстапува од ставовите, резултат нема на 12 дена пред истекот на рокот.

Американските законодавци денеска во Белата куќа ќе се сретнат четврти ден по ред во обид да најдат компромис за намалување на буџетскиот дефицит со цел од Конгресот да се добие зелено светло за зголемување на крајната граница за владино позајмување.

Влијателниот републиканец во Сенатот, Мич Меконел истакна дека веројатно нема да биде можно да се постигне долгорочно решение за буџетот. Тој истакна дека претседателот користи парламентарни маневрирања да ја зголеми границата без републиканска поддршка.

Предлогот на Меконел уследи откако коалиција од бизнис-групи испрати писмо до претседателот Обама со предупредување дека непостигнување договор ќе има катастрофални последици по економијата, нарекувајќи го ризик што земјата не смее да го преземе.

Претседателот Обама рече дека не може да гарантира дека ќе има пари да се исплатат пензиите за милиони Американци по 3-ти август, доколку до 2-ри истиот месец не биде постигнат договор со опозиционите републиканци за националниот долг.

XS
SM
MD
LG