Канцеларијата за владина одговорност, независна конгресна надзорна организација, објави дека на повеќе од еден милион починати Американци им биле испратени чекови, севкупно 1,4 милијарди долари изминатите месеци, дел од владините напори за заживување на економијата по најтешките денови поради пандемијата со коронавирусот.
Повеќе од 160 милиони чекови во висина од 269 милијарди долари беа дистрибуирани кон повеќето Американци. Чек од 1200 долари беше исправен на секој американски државјанин коишто не заработува од 98.000 долари годишно или 198.000 долари за брачен пар.
Околу 90% од Американците добија финансиска помош, вклучувајќи и 500 долари за деца.
Извештајот на канцеларијата за владина одговорност посочи дека примачите на чекови биле земени податоците за поднесување годишен данок на федерално ниво во 2018-та и 2019-та, но владата направила пропуст и не ги зела в предвид лицата кои што починале во меѓувреме.
Facebook Forum