САД и Куба одржаа шеста билатерална средба, а прва откако претседателот Доналд Трамп ја презема функцијата, неколку часа откако тој од говорницата на Генералното собрание на ОН ја окарактеризира кубанската влада како корумпирана и дестабилизаторска.
Куба ги коментираше оценките на Трамп како „потценувачки и неприфатливи, и мешање во внатрешни работи на земјата“, се вели во соопштението од кубанската амбасада во Вашингтон.
Дипломатите од двете држави дискутираа и за „здравствени напади“ од кои страдаше голем дел од персоналот во американската амбасада во Куба.
САД ја повторија големата загриженост за безбедноста на дипломатите во амбасадата и побараа итно да се пронајде причината за проблемите кај вработените, објави Стејт департментот.
Џозефина Видал, главна претставничка на Куба за Јужан и Северна Америка, ги подвлече негирањата на Хавана за каква било вмешаност или за претходно знаење дека имало „здравствените напади“ врз дипломатите.
Најмалку 21 Американец, беа дел од, како што ги окарактеризира Стејт департментот, „инцидентите“ коишто водеа до разни симптоми како губење на слух, главоболки, потрес на мозок, дури и недостиг на концентрација. На истите симптоми претходно се пожалиле и одредени канадски дипломати со семејствата.
Во истрагата не биле пронајдени електромагнетни бранови или друга направа што предизвикува здравствени проблеми.
Поранешниот претседател на САД Барак Обама, ги обнови односите со Куба пред две години. Претседателот Трамп ја критикуваше одлуката.
Facebook Forum