Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, ќе организира борд што ќе ја разгледа истрагата за здравствени напади врз 24-ца членови на дипломатскиот персонал во Куба, објави Стејт департментот.
За време на сенатскиот распит за овие напади, сенаторите од двете партии ги укорија официјалите лица од Стејт департментот за „слабиот“ и „несоодветен одговор“ на, како што ги нарече Тилерсон, „целните напади“.
Инцидентите резултираа американските дипломати и други лица во Хавана, да страдаат од губење на слухот, вртоглавица, главоболки и слабост.
Куба негираше вмешаност во инцидентите.
По првите симптоми, САД ги вратија назад сите дипломати заедно со семејствата коишто немаат статус на неопходни во амбасадата во Куба и протераа 15-мина Кубанци од амбасадата во Вашингтон.
Facebook Forum