Линкови за пристапност

Имиграционата реформа на крстопат во Конгресот


Со какви предизвици се соочува претседателот Трамп следната година

Претставничкиот дом гласаше не еднаш, туку два пати за почеток на изградба на пограничен ѕид и вработување поголем број погранични агенти долж границата со Мексико. Но, меѓупартиската битка за измени во законот за здравствена заштита и даночните реформи, го пренасочија фокусот на законодавците изминатата година.

„Му ставив јасно на знаење на претседателот дека нема да се гради ѕидот долж границата со Мексико“, изјави демократскиот сенатор Чак Шумер.

Претставничкиот дом усвои два закона кои беа дел од ветувањата на кампањата на Трамп – повисоки казни за недокументираните мигранти кои ќе се вратат назад во САД откако ќе бидат депортирани и намалување на федералните фондови за таканаречените градови кои имаат голем процент на криминал и сиромаштија.

„Претседателот Трамп ја намали стапката на криминал, има пад на илегални минувања на граничните премини, а зголемена е и бројката на апсења и депортации на илегалните лица со криминално досие. Тоа го бараа Американците во ноември“, изјави републиканецот Скот Десјарлас.

Но, демократите негодуваа дека ваквиот закон ги погодува и недокументираните мигранти кои го почитуваат законот.

„Ваквиот закон ги испраќа во затвор на 20 годишна казна, бидејќи се обидуваат да се вратат во САД, за да си ги видат своите деца“, коментираше Луиз Гутиерез од Илиноис.

Сенатот треба допрва да гласа за оваа верзија од законот.

Во втората половина од 2017-ма, доминираше директивата на претседателот Трамп за правна разврска на ДАКА, програмата од ерата на претседателот Обама за заштита на 800.000 млади, кои биле донесени во САД како деца, исто така позната како DREAMers.

„ДАКА е симптом на поголем проблем - дека немаме контрола врз нашите граници. Додека се справуваме со ДАКА како што побара претседателот од Конгресот, исто така треба да се справиме со проблемот уште од неговите почетоци - обезбедувајќи ја границата, јакнење на законите, за да не се случи уште еден проблем како ДАКА, по 10 години“, изјави спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан.

Демократите алармираат дека времето истекува...

„Претседателот Трамп побара од нас да усвоиме закон. Тоа и` требаше да го сториме. Но, по три месеци нема резултат. Од републиканците добиваме сигнали дека им е потребно уште време за доработување на нивната верзија. Ќе се обидеме да гласаме следната година“, изјави демократот Ричард Дурбин.

Заканите на демократите дека ќе гласаат за делумно затворање на владата, ако не се материјализира статусот на лицата кои спаѓаат под DREAMers’ не се реализираа. За поголемите законски решенија во Конгресот - најверојатно ќе се гласа во 2018-ма.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG