Линкови за пристапност

Можно укинувањето на забраната за шамија во Конгресот


U.S. Representative-elect Ilhan Omar (D-MI) arrives inside the House Chamber as the U.S. House of Representatives meets for the start of the 116th Congress on Capitol Hill in Washington, Jan. 3, 2019.
U.S. Representative-elect Ilhan Omar (D-MI) arrives inside the House Chamber as the U.S. House of Representatives meets for the start of the 116th Congress on Capitol Hill in Washington, Jan. 3, 2019.

Новиот состав ќе менува правила усвоени пред повеќе од 100 години

Илхан Омар го менува лицето на Конгресот, една од двете законодавци коишто ќе стане прва муслиманска жена во највисокиот законодавен дом на САД и ќе носи шамија. Но, нејзиниот избор за религиозно обележје, технички е забрането, според правилата на Претставничкиот дом.

116-от состав на Конгресот ќе биде меѓу најразноликите, досега. Кога демократите ќе ја преземат контролата во Претставничкиот дом, ќе ги сменат правилата за да ја рефлектираат новата реалност.

Еден од прописите кој ќе биде укинат ќе биде оној што ја спречува Омар од носење шамија или хиџаб, а бил креиран пред 181 година, кога Конгресот бил со поинаков состав. Жените и малцинствата не може да бидат избрани на функција.

Кога законодавците одлучите „секој член на Конгресот да има откриено лице за време на сесиите, алудирале на честата пракса на мажите од тоа време да носат шешир“, Правилото не било направено да се дискриминираат верските малцинства.

Но, дури и тогаш, правилото создало контроверза. Некои членови го правдале носењето шапки како важен симбол во британскиот Парламент со кој се симболизирала независноста од монархијата.

Но, шапките не се единствените обележја што се забранети во Конгресот. Цигари, храна, пијалак и мобилни телефони исто така не се дозволени на говорницата на Конгресот.

Членовите на Претставничкиот дом имаат една предност повеќе од колегите во Сенатот – им се дозволува да ги донесат децата за време на сесија во Претставничкиот дом.

Ова не е прв пат член од Конгресот да се обиде да ја смени забраната за носење шешир или шамија. Во 2010-та, конгресменката од Предавничкиот дом, Фредерика Вилсон од Флорида, неуспешно лобираше кај тогашниот спикер на Претставничкиот дом. Џон Бејнер да го укине правилото. Вилсон, која е позната по нејзините колоритни шапки, за Мајами Хералд изјави дека правилото е премногу „сексистичко“.

Покривање на главата исто така било користено и форма на протест во Преставничкиот дом. Во 2012-та, демократкиот конгсмен Боби Раш бил принуден да го напушти Претставничкиот дом со обезбедување затоа што носел блуза со капа, во знак на протест поради убиството на Трејвон Мартин, кој беше застрелан од Џорџ Зимерман во Флорида.

Преку Твитер, конгресменката Омар која е родена во Сомалија, најави дека ќе залага за укинување на забраната за носење шамија

https://twitter.com/IlhanMN/status/1063831710025035779?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1063831710025035779&ref_url=http%3A%2F%2Ftime.com%2F5458281%2Fdemocrats-proposed-rule-allow-religious-headwear-house%2F

Заедно со конгресменот Џим Мекговерн од Масачусетс и спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси од Калифорнија, Омар е ко-авторка на предлогот со што ќе овозможи отстапка од верски и медицински причини.

Заштитата за верско изразување ќе важи и за Евреите и за Сиките, кои што носат турбани.

Советот за американски –исламски односи ги поздрави промените, истакнувајќи дека досегашното правило за забрана за носење шамија е кршење на слободата на изразување, заштитена со првиот амандман од Уставот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG