Линкови за пристапност

Американските дипломци преферираат мотивација, а не само добро платена работа


Нови трендови во САД

Кога растела, Камил Робертс секогаш гледала на науката како нејзина иднина и идна професија. Нејзините родители и обајцата доктори по наука по хемија, сакале Камил да ги следи нивните чекори и да продолжи да се надградува во областа на медицинското истражување.

24-годишната девојка од Пенсилванија вели дека на медицинското истражување гледала како начин да помогне да се подобри и унапреди животот во општеството.

Во 2013-та, се запишала на Одделот за биомедицински инженеринг на Универзитетот Џорџ Вашингтон. Откако ги завршила студиите, почната да се занимава со истражување на националниот Институт за ментално здравје. Но, се чувствува несреќна на работа. Сакала промена.

За да го смени тоа чувство, нашла друга работа, почнала да предава наука на Академија Фјушн во Вашингтон.

Многу поранешни колеги имаат многу поплатени работни места и повеќе слободно време од неа. Но, Робертс вели дека не би се менувала – да има повеќе време и пари, на сметка на креативноста и поголемото лично исполнување што и го нуди предавањето и интеракцијата со студенти.

Таа не е сама со вакво гледиште во САД. Последните истражувања покажуваат дека дипломираните студенти повеќе не се фокусирани само на добро платени работни места.

Последното истражување меѓу 2200 дипломирани на прашањето каква работа преферираат, дури 80% од испитаниците меѓу 21 и 55 години се изјасниле дека е мошне важно за нив да имаат чувство на исполнување од нивната работа.

Понатаму во истражувањето се вели дека луѓето коишто наоѓаат смисла во работата и се поисполнети на работните места се 10 пати поздрави – ментално и физички. Тоа чувство ги прави и подобри работници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG