Линкови за пристапност

Конзервативното мнозинство во Врховниот суд приклонето кон идејата за државјанство во пописот


Пописот во САД е важен и одредува колку законодавци од сите 50 сојузни држави ќе бидат застапени во 435 члениот Претставнички дом во следните10 години

Конзервативното мнозинство во Врховниот суд на САД е приклонето кон аргументите на администрацијата на Трамп која повика на дополнување со прашање за државјанството во пописот во 2020-та, и покрај противењето од големите сојузни држави и метрополи дека тоа ќе се одрази врз имигрантите да не учествуваат во пописот кој се спроведува секои 10 години.

Пет-членови од конзервативната линија од 9-те судии во Врховниот суд за време на 80-минутниот распит покажаа поинакво мислење, за содржината на прашањето за државјанство што може да води 6,5 милиони луѓе, претежно од хиспанската заедница да одбијат да земат учество во пописот следниот април.

Но, најновиот член на Врховниот суд, судијата Бред Кавано, кој беше назначен од претседателот Трамп, сугерираше дека Конгресот може да го смени законот за да го блокира прашањето за државјанство ако се покаже дека може да има ефект врз точноста на цензусот.

Конзервативниот судија Судијата Џон Робертс изјави дека информацијата за државјанството е клучна за јакнење на законот за гласање, главен аргумент за администрацијата на Трамп како причина зошто токму сега инсистира да се воведе ова прашање во пописот.

Од друга страна, Либералната судијка Соња Сотомајор, го потегна прашањето зошто по 65 години, сега се инсистира на прашањето за пописот. Според неа, нема сомневања дека ќе води помалку емигрантски семејства да излезат на пописот.

Пописот во САД е важен и одредува колку законодавци од сите 50 сојузни држави ќе бидат застапени во 435 члениот Претставничкиот дом во следните 10 години, но и како ќе се делат федералните финансирања од буџетот во висина од 675 милијарди долари за владини програми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG