САД и Кина потпишаа првичен трговски договор за решавање на некои од прашањата во средиштето на економскиот спор што ги обременува односите меѓу двете најголеми економии во светот во изминатите 18 месеци.
Претседателот Трамп беше домаќин на кинескиот вицепремиер Ли Хи на церемонијата на потпишување во Белата куќа.
„Денеска ги поправаме грешките од минатото“, рече Трамп и најави дека ќе ја посети Кина во „не многу далечна иднина“.
Трамп рече дека договорот е „неверојатна спогодба за САД“ „која ќе води кон стабилен мир во светот“.
Вицепремиерот Ли прочита писмо од кинескиот претседател Ши Џипинг, во кое се вели дека „ следен чекор на двете страни е имплементирање на спогодбата“.
Белата куќа во соопштение објави дека „историскиот договор вклучува голема обврзаност на Кина кон значајни реформи во клучни области и значителни нарачки на американски добра и услуги во следните години“.
Двете страни се договорија во како што го нарекуваат договорот „Прва фаза“ во средината на декември.
Facebook Forum