Претсдедателот Трамп изјави дека САД „може да склучат договор со Кина уште утре“, со цел да го решат трговскиот предизвик за двете најголеми економии во светот.
Во серија твитови, Трамп ги портретираше САД дека се наоѓаат во „многу подобра позиција да склучат договор од било кога порано“ и го повтори ставот дека неговата администрација нема да дозволи ниту една држава да ги „искористуваат“ САД кога станува збор за трговска размена.
Неговите коментари доаѓаат во време кога САД воведоа царини врз кинески производи во висина од 200 милијарди долари. Кина возврати со иста мерка врз американски добра и стоки во вредност од 60 милијарди долари.
Кинеското министерство за финансии објави дека новите царини од 5% на 25% ќе стапат во сила на 1-ви јуни и ќе погодат 5140 производи кои се извезуваат во Кина. Пекинг објави дека одговорот е насочен кон „американскиот унилатеризализам и протекционизам“.
Ескалацијата на трговска војна меѓу САД и Кина се одрази и врз берзите. Дау Џонс во Њујорк синоќа регистрираше загуба од 2,4 отсто.
Facebook Forum