Линкови за пристапност

Јужна Кореја, најпогодена од трговската војна САД - Кина


Ненајавено, Кина го намали извозот на американско свинско месо за 5, 6 милијарди долари, што предизвикува сериозен удар врз фармерите со свинско во САД со оглед дека Кина е втор најголем увозник.

Во време кога САД ги зголемија царините од 10 на 25% за кинески производи и истото го стори и Пекинг за некои американски добра, трговската војна зема неочекуван правец.

Ненајавено, Кина го намали извозот на американско свинско месо за 5, 6 милијарди долари, што предизвикува сериозен удар врз фармерите со свинско во САД со оглед дека Кина е втор најголем увозник.

Малкумина очекуваа ваков потег со оглед дека кинеските фарми за свинско месо се погодени со свински грип.

„Кина нема потреба да ја намали побарувачката за странски добра преку царини“, вели Даг Бари, извршен директор од американско-кинескиот бизнис совет. „Може да донесе одлука за стопирање на нарачките“, вели тој.

Во меѓувреме, многу работни места во Кина се заменети со роботи, што претставува дополнителен товар врз пазарот на сила.

Од новата трговска војна, најтешко може да е погодена Јужна Кореја. Четвртата најголема економија во Азија е особено погодена зашто е зависна од странската трговска размена – особено од увозот на стоки од двата најголеми трговски партнери: Кина и САД.

Ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина доаѓа во лош тајминг за Јужна Кореја, која неочекувано забележа пад на економскиот развој во првиот квартал од годината.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG