Линкови за пристапност

Гајтнер во Пекинг


Гајтнер во Пекинг
Гајтнер во Пекинг

Се обидува да ги убеди кинеските власти да ги поддржат американските санкции за Иран.

Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер е во Пекинг, во обид да ги убеди кинеските претставници да ги поддржат американските санкции за иранската нафтена индустрија.

Гајтнер бара кинеска соработка за неодамна усвоената американска легислатива што повикува на санкции за финансиските институции кои соработуваат со Иранската централна банка – главната клириншка куќа за нафтениот извоз. Целта на мерката е да изврши притисок врз Техран да ја прекине контроверзната програма за нуклеарно оружје.

Кина, главниот муштерија на иранската нафта, на неколкупати се спротистави на американските санкции, велејќи дека се унилатерални и нема да помогнат Иран да се откаже од програмата. Пекинг се обиде и да ги одвои своите трговски односи со Иран од нуклеарното прашање, велејќи дека увозот на иранска нафта нема никаква врска со иранските нуклеарни амбиции.

Според очекувањата, Гајтнер најверојатно ќе наиде на нов отпор од властите во Пекинг, кои инсистираат дека зголемената напнатост меѓу Вашингтон и Техеран би можела да доведе до војна.

XS
SM
MD
LG