Линкови за пристапност

Ватикан бара одложување на гласање мерки против бискупи кои имале сексуални испади


Од Седиштето на Црквата бараат да се одложи гласањето до состанокот со сите бискупи во февруари

Ватикан побара од американската Конференција на Католички бискупи да одложи било кое гласање за предвидените нови чекори во кризата за сексуални злодела од свештеници, што долго години негативно се одразуваат врз имиџот на Црквата.

Кардиналот Даниел Ди Нардо изјави дека барањето од Вакитан нема да ја забави нивната желба да се справат со проблемот со сексуални испади во Црквата.

Бискупите и натаму ќе може да дебатираат за мерките, вклучувајќи и имплементирање на жешка телефонска линија на која ќе може да се доставуваат информации за бискупи кои што сториле сексуални испади, но нема да може да се гласа за било кој од нив оваа недела.

Ватикан сака да не се преземаат било каква мерка пред средбата во февруари, каде сите бискупи од светот ќе се состанат да се справат со кризата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG