Владина здравствена работна група предложи вакцината за превенција на девојчињата од рак на грлото на матката да се дава и на момчињата и со тоа да се помогне во запирање на болеста.
Групата го повика Американскиот центар за контрола и превенција на болести и официјално да препорача вакцинирање на момчиња на 11 и 12-годишна возраст против хуман папилома вирусот (ХПВ).
Освен спречување на генитални израстоци и рак поврзани со ХПВ, работната групата наведува дека вакцината е успешна и против пренесување на вирусот на девојките при сексуален однос. Вакцината за момчиња е на располагање од пред две години.
Лекарите велат дека недоволен број на девојчиња ја примиле вакцината, делумно заради страв и недоволна информираност од страна на родителите. Лекарите додаваат и дека таа треба да им се даде дури и порано, на 9- годишна возраст, за да се спречи рак на грлото на матката.
Вакцината не мина без контроверзи. Републиканската претседателска претендентка Мишел Бакман на една од ТВ-дебатите изјави дека една мајка и` кажала дека вакцината причинила ментална ретардираност кај нејзината ќерка. Експертите го оспоруваат тврдењето на мајката.