Линкови за пристапност

САД ќе ги отворат копнените гранични премини со Канада и Мексико во ноември


Границите беа затворени за влез со автомобил, воз и ферибот од март 2020-та поради пандемијата со Ковид, со исклучок на неопходните патувања и трговската размена.

САД најавија дека ќе ги отворат копнените гранични премини со Канада и Мекиско за целосно вакцинираните посетители следните месец.

Границите беа затворени за влез со автомобил, воз и ферибот од март 2020-та поради пандемијата со Ковид, со исклучок на неопходните патувања и трговската размена.

Укинувањето на ограничувањата за туристите преку копнените гранични премини на САД доаѓа по неколку недели откако администрацијата на претседателот Бајден најави дека ќе дозволи целосно вакцинирани странски државјани да патуваат во земјата од почетокот на следниот месец. Точниот датум и кога новите прописи стапуваат во сила, не е одреден.

Администрацијата на Бајден беше под зголемен притисок од американските законодавци, како и од Канада и Мексико, да ги укине ограничувањата, кои одделија многу семејства од двете страни на границата, и ги чинат САД милијарди долари загуба поради пад на туризмот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG