Администрацијата на Трамп планира да го префрли седиштето на Бирото за стопанисување со државно земјиште од Вашингтон во западната сојузна држава Колорадо, најави еден од сенаторите од оваа сојузна држава.
Сенаторот Кори Гарднер објави дека новото седиште ќе биде лоцирано во Гранд Џанкшн, Колорадо и го поздрави потегот како „победа за локалната заедница, поборниците за поодговорна федерална влада“.
Проблемот со Вашингтон е што многу креирачи на политиката се оддалечени од граѓани на коишто треба да им служат“, вели Гарднер.
Бирото за стопанисување со државното земјиште е дел од Одделот за внатрешни работи со 9000 вработени. Околу 400 работат во Вашингтон и нејасно е колку од нив, ќе мора да се релоцираат во новото седиште во Колорадо.
Бирото надгледува една милијарда квадратни километри јавно земјиште, од кое 99% се наоѓа во 12 сојузни држави.
Facebook Forum