Линкови за пристапност

Погранични агенти со навредливи коментари за мигрантите по Фејсбук


Истражувачката интернет страница ПроПублика го објави извештајот

Одделот за домашна безбедност ги истражува наводите во извештајот дека актуелни и поранешни погранични агенти се дел од група на Фејсбук, коишто постирале расни, сексистички и постови кои што повикуваат на насилство врз мигранти и јужноамерикански законодавци.

Истражувачката интернет страница ПроПублика објави дека во постовите се вклучени сексуално експлицитни фотографии и коментари кои се потсмеваат на смртта на мигранти, вклучувајќи ја трагедијата на салвадорскиот татко и двегодишната ќерка, кои се удавиле во обид да ја минат реката Рио Гранде - вест што доби голем публицитет во домашните и меѓународни медиуми за мачното патешетвие низ кое минуваат мигрантите во потрага по подобар живот.

Фејсбук групата е наречена „Јас сум 10-15“, пограничен код за „Мигранти без документи во притвор“.

ПроПублика објави дека агентите ја коментирале смртта на 16 годишното момче во притвор во пограничен притвор, со коментари, - „Ако почине, почине. Тоа е тоа“.

Тие ги обвинија демократите и либералите дека веројатно со фото-шоп, е модифицирана за „креирање“ потрогателен момент кај гледачите.

Шефицата на погранични агенти Карла Провост изјави дека „постовите на Фејсбук се „тотално непримерни за интегритетот на агентите“.

Синдидатот што ги застапува агентите ги осуди нивните постапки и објави дека ваквото однесување штети на имиџот и на нивните колеги.

Запрашан за коментар за наводите во извештајот, претседателот Трамп рече дека персоналот по пограничните служби се патриоти и добри луѓе.

„Не знам што зборуваат за членовите на Конгресот. Знам дека пограничните агенти не се среќни со демократите во Конгресот, рече тој. „Само да потврдам дека републиканците сакаат зајакната погранична безбедност“, изјави првиот човек на САД.

Конгресменката Окасио-Кортез беше дел од делегацијата од конгресната група на хиспанската заедница која посети неколку кампови со мигранти долж границата САД – Мексико. Таа ја опиша ситуацијата како „ужасна“.

Со сличен став се огласи и конгресменот Жоакин Кастро. Според него, мигрантите во притворните центри се капат на 15 дена, а некои од нив се одделени од своите деца и по 50 дена.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG