Линкови за пристапност

20 обвинети за илегална операција на породувања во САД


Државјанки од Кина доаѓале во САД да се породат и детето да стекне американско државјанство.

Федералните власти во САД обвинија 20 луѓе за илегална операција со која се носат бремени жени од Кина да се породат во САД.

Согласно американските закони, секое бебе родено во САД, автоматски добива државјанство.

Три лица кои што ги придружувале жените и оперирале во Јужна Калифорнија се уапсени во четврток и обвинети за заговор, лажни визи и перење пари.

Американски јавни обвинители веруваат дека повеќето од осомничените успеале да побегнат и да се вратат назад во Кина.

Бремените жени, најчесто патувале за САД преку кинески агенции кои што посредувале и го организирале патувањето. Агенции најчесто имале реклами од типот - "You Win USA Vacation Services" и "USA Happy Baby."

Според обвинението, добро-ситуирани парови од средната класа, како и богати кинески двојки, вклучувајќи и кинески официјални лица, плаќале на агенциите најчесто меѓу 40.000 и 100.000 долари, за организирање на породувањето и сместувањето во САД.

Жените наводно лажеле за целта на патувањето во САД кога имале интервју за виза. Во некои случаи, биле советувани да дадат лажна изјава дека ќе престојуваат во хотелот Трамп Интернешенал во Хонолулу.

Откако ќе се породеле во болници во САД, некои жени тврделе дека биле сиромашни за да избегнат да ги платат медицински сметки, иако имале солидни американски банкарски сметки.

Жените најчесто останувале во САД по три месеци, живееле во апартмани кои што ги организирале туристичките агенции пред да се вратат дома со своите бебиња – американски државјани кои што можат да спонзорираат членови од семејството да дојдат да живеат во САД.

„Ова е сериозна загриженост по националната безбедност“, изјави специјалниот агент за имиграција и царинска безбедност Марк Зито, при што изрази загриженост дека некои влади може да го искористат овој процес за свои цели.

Федералните власти го прекинале синџирот на носење бремени жени во САД за да се породат откако направиле рации во неколку апартмани.

Официјални лица велат дека и други земји, како Јужна Кореја, Турција и Русија имаат спроведуваат слични операции со носење бремени жени да се породат во САД, со цел детето да добие државјанство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG