Линкови за пристапност

Секретарот за труд Акоста на удар поради случајот со милијардерот Епстин


U.S. Labor Secretary Alexander Acosta
U.S. Labor Secretary Alexander Acosta

Белата куќа не побара негова оставка

Американскиот секретар за труд Александер Акоста ја брани одлуката што ја донел пред една деценија кога како федерален обвинител се согласил на блага затворска казна за милијардерот Џефри Епстин, обвинет за малолетничка проституција.

„Без доказите од обвинителството, Епстин веројатно би се извлекол со помала казна, што би резултирала со избегнување на затворска казна. „Преземавме мерки зашто Епстин, требаше да оди во затвор“.

„Сметам дека реагиравме соодветно“, изјави Акоста.

Секретарот Акоста призна дека случајот во 2008-ма, „бил комплексен“ и оти многу од жртвите „биле исплашени и трауматизирани“ да сведочат против Епстин во евентуален судски процес.

Некои законодавци, вклучувајќи и двајца конгресни демократи, побараа оставка од Акоста од администарцијата на претседателот, зашто му дозволил на Епстин да се договори со обвинителството за 13 месечна казна, а повеќето од деновите бил слободен да работи од неговата канцеларија во јужна Флорида. Од него, било побарано да биде регистиран како сексуален престапник и да им плати оштета на жртвите од проституцијата.

Во меѓувреме заврши федералната истрага во Мајами. Но, неделава, федералните обвинители во Њујорк, покренаа нови обвинителни акти, обвинувајќи го Епстин дека злоупотребувал десетици малолетни девојчиња во периодот меѓу 2002 и 2005-та, им плаќал стотици долари за масажа и сексуални услуги на неговиот имот во Њујорк и во Палм Бич, Флорида.

Ако биде прогласен за виновен за новите обвинувања, се соочува со 45 годишна казна затвор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG