Во седум сојузни држави во САД се одржуваат клучни прелиминарни избори што може да резултираат во тоа неколку републикански политичари – ветерани да загубат од конзервативните активисти од таканареченото движење „Ти парти“.
Меѓу најинтересните битки е онаа во сојузната држава Делавер, каде ветеранот – конгресмен Мајк Кастл се соочува со Кристин О` Донел, кој ја има поддршка од „Ти парти“. Обајцата се борат за републиканската номинација за сенатското место што своевремено го држеше актуелниот потпретседател Џо Бајден.
Кампањата на О`Донел нагло се интензивираше изминатите денови откако републиканската сенаторка од Аљаска Лиза Мурковски на прелиминарните избори загуби од Џо Милер, кој ја имаше поддршката на „Ти парти“. Како и Милер, О` Донел ја има поддршката на Сара Пејлин, поранешна гувернерка од Аљаска и републикански потпретседателски кандидат во 2008-ма.