Линкови за пристапност

Глобална кампања за прекин на бездржавјанството


Агенцијата за бегалци на ОН лансираше кампања во следните 10 години да нема лица кои не припаѓаат на ниедна држава

Агенцијата за бегалци на ОН јави дека најмалку 10 милиони луѓе немаат државјанство и секои 10 минути се раѓа по едно бебе кое не припаѓа на ниедна држава. Повеќето вакви лица немаат права во државите во коишто живеат.

УНХЦР вели дека правно, лицата без државјанство, не постојат. Тие немаат идентитет, извод од книгата на родените и никакви документи. Следствено, немаат пристап до јавно здравство, образование или вработување. Во некои држави, за луѓе кои ќе починат не се издава ни посмртница.

Високиот комесар за бегалци на ОН Антонио Гутерес вели дека неколку фактори влијаат на лицата без државјанство. Тој вели дека најголем дел од ваквите ситуации се создаваат од дискриминација базирана на етничка, религиозна или полова основа.

Најпознатиот случај со Рохигја малцинството, што ги има над еден милион, е во Бурма, каде се тврди дека се илегалци од Бангладеш, но во Бангладеш тие ги сметаат за илегалци од Бурма. Други држави со голема популација на лица без државјанства се Брегот на слоновата коска, Тајланд, Латвија и Доминиканската република. Вакви случаи се создаваат и при распад на една држава, какви што беа случаите со поранешниот Советски сојуз и Југославија.

Рестриктивни закони кои им негираат на жените да го пренесат државјанството на нивните деца по иста основа како мажите е друга голема причина за бездржавјанство. Во моментов 27 држави имаат такви закони.

УНХЦР предупредува овој проблем расте и со се` поголемиот број конфликти. На пример, војните во Централната африканска република и Сирија принудија милиони да станат бегалци. Десетици илјади бегалски деца родени во егзил не се регистрирани.

Високиот комесар Гутерес вели дека проблем претставуваат децата на сириски бегалци родени во Либан и во Јордан. Тој вели дека Сирија нема да им дозволи на жените да ја пренесат националноста на децата и тоа може да резултира многу бебиња без документи, зашто татковците се убиени или се водат како исчезнати.

„Соработуваме со владите да помогнеме во олеснување на процедурата да им се дозволи на сириските деца да бидат регистрирани како сириски државјани“, кажа Високиот комесар за бегалци.

Гутерес вели дека лицата без државјанства се аномалија во 21-оти век и тоа мора да се искорени. Според него, овој трагичен феномен може да надмине со доволна политичка волја.

XS
SM
MD
LG