Линкови за пристапност

САД: Отворени нови 940.000 работни места во јули


Минатиот месец се отворени 943.000 работни места, а еден месец претходно 850.000, и покрај недостигот од работници.

Американските работодавци отвориле повеќе од 940.000 работни места, објави Одделот за труд, надминувајќи ги очекувањата, што е показател дека пазарот на трудот закрепнува по големите загуби предизвикани од пандемијата со Ковид-19.

Минатиот месец се отворени 943.000 работни места, а еден месец претходно 850.000, и покрај недостигот од работници.

Стапката на невработеност е 5,4%, што е намалување од еден месец претходно кога изнесуваше 5,9%.

Процесот на вакцинација ги охрабри рестораните и другите бизниси повторно да отворат откако беа затворени со месеци.

И Одделот за труд јави дека има намалување на бројката на апликации за бенефиции за невработени и тоа за 14.000, споредено со една недела, претходно.


САД објавија дека домашната економија има раст од 6,5% за периодот април – јуни, што е благ пораст од предвидувањата по економската штета од пандемијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG