Линкови за пристапност

Гутереш: Богатите земји купуваат повеќе вакцини, на сметка на сиромашните


„Ако не ја поддржиме Африка соодветно, нема да може да ја искорениме пандемијата ефикасно, насекаде во светот“, предупреди Гутереш.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека национализмот поврзан со вакцината е во пораст меѓу богатите нации коишто купуваат многу повеќе дози на сметка на сиромашните држави кои што не може да си дозволат.

За време на виртуелната средба со претседавачот со Африканската Унија, Муса Факи Махамат, Гутиереш повика на собирање на 4,2 милијарди долари во следните два месеци во рамки на програмата КОВАКС, заеднички проект на Светската здравствена организација и Алијансата за вакцинација, основана од Бил и Мелинда Гејтс за вакцинација на децата во најсиромашнте земји.

„Ако не ја поддржиме Африка соодветно, нема да може да ја искорениме пандемијата ефикасно, насекаде во светот“, предупреди Гутереш.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG