Шефот на ОН за заштита на човековите права го обвини Израел за систематско кршење на основните човекови права на Палестинците.
Заид Раад ал-Хусеин на специјалната седница на Советот за човекови права на ОН се осврна на влошената состојба на окупираните палестински територии кадe 1, 9 милиони Палестинци во Газа живеат во „токсично гето од раѓањето до смртта“.
Специјалната седница може да изгласа формирање комисија која ќе го истражи насилството долж границата со Газа кое ескалираше неделава со биланс беше 60 мртви и 2700 повредени. Меѓу загинатите има жени деца.
Израелскиот амбасадор во Советот за човекови права во ОН рече дека комисијата која го истражува насилството во Газа нема да ја смени „ситуацијата на теренот за ниту еден милиметар“.
Протестите ескалираа во понеделникот откако САД ја префрлија и отворија амбасадата во Ерусалим. Демонстрантите од Газа се обидоа насилно да ја минат пограничната линија со Израел и фрлаа камења. Израелските сили возвратија со огнено оружје. Најмалку 60 демонстранти беа убиени само во понеделникот.
Facebook Forum