Линкови за пристапност

Советот за безбедност го поддржа Гутереш за втор мандат


Следен чекор на номинацијата на Гутереш е гласањето во 193 членото Генерално собрание на ОН, каде се очекува да биде прифатена со консензус на 18-ти јуни.

Советот за безбедност на ОН поддржа втор мандат на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.

„Советот за безбедност ги разгледа препораките за именувањето на генералниот секретар Антонио Гутереш за втор мандат од 1-ви јануари 2022-ра до 31 декември 2026-та“, изјави претседателот на Советот, естонскиот амбасадор Свен Јургенсон.

Советот ги даде препораките за време на приватниот состанок. Следен чекор на номинацијата на Гутереш е гласањето во 193 членото Генерално собрание на ОН, каде се очекува да биде прифатена со консензус на 18-ти јуни.

Амбасадорот Јургенсен рече дека Гутереш има „извонреден прв мандат“ и треба да продолжи со работата.

72-годишниот Гутереш нема предизвикувач за втор пет-годишен мандат, како прв човек на ОН.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG