Линкови за пристапност

Инспектори на ОН бараат повеќе факти за смртта на Осама бин Ладен


Инспектори на ОН бараат повеќе факти за смртта на Осама бин Ладен
Инспектори на ОН бараат повеќе факти за смртта на Осама бин Ладен

Независни истражувачи во ОН сметаат дека нама доволно објавени податоци за законитоста на акцијата

Двајца инспектори на ОН издадоа заедничко соопштение во кое се вели дека во посебни случаи може да се користи сила во „операции против терористи“

Но, Кристоф Хејнс, специјален известувач за вонсудски или арбитрарни егзекуции, како и Мартин Шенин, известувач за заштита на човековите права, велат дека терористите треба да бидат подложени на апсење и судење.

Дали при убивањето на Осама бин Ладен американските сили ги почитувале меѓународните стандарди треба да се види од факти, што треба да се достапни на јавноста.

Инспекторите на ОН не се први кои покренаа прашања за исправноста на смртта на Осама бин Ладен.

Нави Пилај, виш претставник за човековите права, исто така побара повеќе информации.

Меѓународниот црвен крст соопшти дека нема доволно достапни факти за законитоста на акцијата, а кубанскиот претседател Фидел Кастро смртта на бин Ладен ја означи како „егзекуција пред неговата жена и деца“.

Хјуман Рајтс Воч е уште една организација која се вклучи во дебатата. Рид Броди зборуваше за Гласот на Америка:

„Мислам дека е мошне важно САД да обезбедат повеќе информации, да покажат оправданост за закононитоста, како и да спречат и други држави да гонат лица во странство користејќи го ова за покритие“, вели Броди.

Тој вели дека повеќе светлина треба да се фрли на три аспекти. Првиот е дали Осама бин Ладен се смета за учесник во војна. Треба да се обезбеди доказ, вели тој, дека бин Ладен имал активна улога:

„Ако сте вклучени во воени активности и давате наредби на трупите во Пакистан, имате операционална улога, тогаш имате улога на војник или генерал, и затоа може да бидете јасна воена цел“.

Тој вели дека треба да се знае повеќе за планирањето на операцијата - какви биле наредбите, дали да биде застрелан или да биде приведен.

И трет аспект: што всушност се случило во седиштето на Осама бин Ладен во Пакистан. САД веќе објавија дека бин Ладен бил невооружен, вели Броди и прашува, тогаш што ги спречило да го уапсат?

Тој вели дека многу прашања остануваат неодговорени, но тоа не значи дека не се преземени исправните чекори: „Очигледно во идеален свет, еден би застанал пред неговото седиште во Пакистан и би го повикал да излезе со кренати раце. Осама бин Ладен би го послушал и тој би го привел и би го извел пред суд. Но, не живееме во идеален свет. “

Оваа недела американскиот претседател Барак Обама објави дека нема да бидат објавени фотографиите откако бил застрелан водачот на Ал-Каида.

Обама рече дека поради графичката природа на фотографиите, нивното објавување може да ја стави под ризик националната безбедност.

Инспекторите Хејнс и Шенин извештајот ќе го достават до Советот за човекови права при ОН.

XS
SM
MD
LG