Линкови за пристапност

Нови придружни членки во Советот за безбедност


Главната сила во ова тело и натаму останува врз три постојани членки САД, Кина и Русија

Петте постојани членки на ОН избраа пет придружни членки со двегодишен мандат во Советот за безбедност. Тоа се Јапонија, Египет, Украина, Сенегал и Уругвај. Ќе му се придружат на Светското тело на 1-ви јанури 2016-та.

Гласањето на Генералното собрание не донесе голема возбуда затоа што регионалните групи веќе одлучија меѓу себе кои држави да се кандираат и немаше натпреварување за петте места.

Но, секоја држава се `уште имаше потреба од обезбедување од две-третини од гласањето меѓу членките на ОН.

Ричард Гован од Универзитетот Колумбија рече дека присуството на Египет во 15-члениот Совет може да ги разбранува традиционалните сојузништва.

„Позицијата на Египет ќе биде интересна, затоа што, традиционално е сојузник на САД, но неодамна разви силни врски со Русија“, рече тој.

Тој додаде дека за Египет, најголема загриженост преставува кризата во Либија и прашањето дали ќе биде неопходно испраќање мировници на ОН.

Рамнотежата на Советот може да се поремети и со изборот на Украина за источноевропското место во ОН, со оглед на конфликтот на оваа земја со постојаната членка Русија.

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин рече дека нивните врски „дефинитивно нема да бидат посредни“, но Украина ќе ја следи „содржајната и глобална агенда“, опфаќајќи многу прашања во Советот.

„Русија треба да покаже волја да се однесува кон Украина цивилизирано“, рече Гован. Овозможувајќи му на Киев да го задржи местото во Советот за безбедност нема голема цена за Москва, констатира овој професор.

Заземајќи го местото, резервирано од Азиско-пацифичката група, Јапонија му се приклучи на Советот - по 11 пат. Последен пат служеше во период меѓу 2009-та и 2010-та.

Долгогодишниот аналитичар на ОН Џефри Лоренти вели дека Јапонија „го принудила“ Бангладеш да се откаже од местото резервирано за оваа регионална група.

Јапонскиот амбасадор во ОН Мотохиде Јошикава ги потврди плановите на неговата земјата да земе поголемо учество во мировничките операции. „Нашиот фокус е да се зголеми капацитетот на мировниците, особено во Африка. Тој подвлече дека Јапонија работи со ОН уште од лани на изградба на Центар за обука на мировници во Кенија, при што изрази надеж дека ќе биде целосно функционален до 2016-та.

Сенегал и Уругвај се меѓу првите земји кои придонесуваат според бројката на војници и полицајци во мировните мисии на ОН, но аналитичарите се согласни дека ќе имаат големо влијание во работата на Советот.

Лауренти вели дека е важно да се напомене дека важноста на 10-те избрани привремени членки на Советот за безбедност се минимизира. “Постојаните пет членки, дури и повеќе од порано станаа централна сила на се` што се случува во највисоко тело на ОН“, коментира тој.

Професорот Гован се согласува: „Реалноста е дека засега, само три држави имаат сила во Советот за безбедност – САД, Русија и Кина“.

Новиот состав на Советот ќе го почне мандатот на 1-ви јануари. Тие ќе им се придружат на петте постојани членки – САД, Франција, Русија, Британија и САД и петте привремени – Ангола, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Венецуела.

XS
SM
MD
LG