Линкови за пристапност

ОН: Светски ден на човековите права


Во говор од Женева, високата комесарка за човекови права на ОН Мишел Бачелет изјави дека неуспехот на многу држави сериозно да го сфатат вирусот и да се справат и брзо да реагираат ги поткопале човекови права ширум светот

Првиот човек на ОН апелираше до светот да ги стават човековите права во „центарот и да ги истакнат“ во време на напорите за оправување од коронавирусот со цел да постигнат подобра иднина за нивните граѓани.

Во телевизиското обраќање по повод годишното одбележување на Меѓународниот ден на човековите права, генералниот секретар Антонио Гутереш изјави дека пандемијата со Ковид-19, има „непропорцијален ефект врз ранливите групи“, вклучувајќи ги здравствените работници, постарите лица, жените и децата, и малцинствата.

Во говор од Женева, високата комесарка за човекови права на ОН Мишел Бачелет изјави дека неуспехот на многу држави сериозно да го сфатат вирусот и да се справат и брзо да реагираат ги поткопале човекови права ширум светот, вклучувајќи економски, граѓански и политички.

„Политизирање на пандемијата ги надминува границите на неотпорност, ѝ е целосно неприфатливо, изјави Бачелет. Таа предупреди дека теориите на заговор и дезинформации влијаат врз научните докази за вирусот.

XS
SM
MD
LG