Цунами од омраза“ има ширум светот во време кога бројката на заразени од КОВИД-19 се искачи над 3,8 милиони луѓе, објави генералниот секретар на ОН.
Антонио Гутереш упати повик да запре светската кампања на „говор на омраза“.
Во меѓувреме, панел од ОН ги предупреди владите ширум светот дека пандемијата со коронавирусот не е изговор за противуставно гаснење на слободите, претежно со воведување на стриктните мерки за дистанцирање и карантинот.
Земјотрес во Иран ги отежни мерките за социјално дистанцирање кога утринава илјадници жители во Техеран излегоа во паника масовно по улиците. Најмалку две лица загинаа од земјотресот во главниот град.
Австралија во петокот најави план од три фази за постепено отворање на земјата, која беше затворена поради ширењето на вирусот.
Неколку сојузни држави во САД и натаму имаат недостиг да обезбедат доволно тестови за коронавирус за своите жители, а Белата куќа најави дека претседателот Трамп и потпретседателот Пенс од сега ќе бидат тестирани секој ден откако личен помошник на претседателот е тестиран позитивен. Пред овој случај, двајцата американски лидери беа тестирани еднаш неделно.
САД го очекуваат петочниот извештај за невработеноста, а економистите шпекулираат дека бројката може да биде 16% откако милиони Американци ги загубија работните места поради вирусот.
Некои здравствени експерти предупредија дека ако пандемијата со коронавирусот не загуби од силина пред сезоната на грип, или ако има втор бран од КОВИД-19, тогаш тоа може да биде голем предизвик за здравствениот систем на САД.
Тие експерти наведуваат дека САД би морале да спроведуваат по милион тестови дневно ако сакаат успешно да го изолираат вирусот.
Во меѓувреме, Фронтиер ќе биде прва авио-компанија во САД која ќе почне задолжително да ја мери температурата на патниците пред да се качат на авион. Мерката стартува од 1-ви јуни. Секој патник што има телесна температура 38 степени или повисока, нема да му биде дозволено да лета тој ден, и картата ќе биде сменета за друг датум.
Facebook Forum