Линкови за пристапност

Претседателот Трамп претседаваше со Советот за безбедност - Иран, едно од прашањата


Денеска продолжи работата на 73-то Генерално собрание на ОН

Претседателот Трамп го означи Иран како „водечки спонзор на тероризмот во светот“ и продолжи да ја брани одлуката САД да ја напуштат нуклеарната спогодба со Техеран од 2015-та.

Претседавајќи со Советот за безбедност на ОН на состанокот за непролиферација на оружјето на маргините на Генералното собрание на ОН, Трамп рече дека „иранската агресија само се зголемуваше“ откако беше потпишан договорот за ограничување на нуклеарниот потенцијал на Иран.

„Режимот со такво однесување во минатото никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје“, оцени Трамп и предупреди дека САД ќе продолжат со воведување поригорозни санкции врз Техеран.

Состанокот на Советот за безбедност на ОН доаѓа еден ден откако претседателот Трамп од говорницата за време на обраќањето ги повика светските лидери да го изолираат режимот на Иран се` додека продолжува со агресијата.

Иранскиот претседател Хасан Рохани, пак, во обраќањето од ОН рече дека ниту една земја не може со сила да се натера да седне на преговарачка маса. Тој од говорницата во Њујорк, јавно праша – како може Иран да склучи договор со САД, кога претседателот Трамп ја поништи нуклеарната спогодба која што беше постигната со неговиот претходник, претседателот Обама.

Денеска продолжи работата на 73-то Генерално собрание на ОН. На дневен ред беа обраќања на лидерите од Ирак, Јемен, Авганистан, Куба и Британија, додека на маргините на Советот на безбедност главна тема е влијанието на Иран врз Блискиот исток и прашања кои се поврзани со заштитата од ширењето на оружјето за масовно уништување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG