Линкови за пристапност

САД ќе ги соочат Русија и Кина за милитаризација во вселената


Отворена дискусија за користење на вселената за мирољубиви цели

На претстојната конференција на ОН за разоружување, САД ќе се заложат против руските и кинески закани врз мирољубиво користење на вселената.

Амбасадорот Роберт Вуд е постојан пратеник на САД на конференција за разоружување во Женева. Ќе ги изложи главните приоритети на Вашингтон спроти безбедносниот состанок за разоружување во рамки на ОН.

Тој рече дека американската делегација планира активно да се спротивстави на прашањата кои одат против американските, и интересите на сојузниците. Пред се` фокусот ќе биде на справување со кинеските и руските кибернетски напади.

Според него, САД ги отфрлија тврдењата дека активностите од Москва и Пекинг имаат цел да спречат милитаризација на вселената.

Во 2014-та, руската и кинеската влада поднесоа своја верзија за предлог-спогодба за контрола на вооружувањето во вселената.

Американскиот амбасадор Вуд, за време на прес-конференција, рече дека предвидената Спогодба „не е верификувана“ и не се справува со основното прашање, а тоа е забрана на оружјето против сателитите.

Тој оцени дека втор главен приоритет ќе биде да го создадат норми за користење на хемиско оружје. Вуд потсети дека Русија и порано работела на дискредитација на Организацијата за заштита на хемиското оружје.

Главна функција на Организацијата е да обезбеди имплементирање на Конвенцијата за заштита од хемиско оружје.

Амбасадорот Вуд изјави дека САД и сојузниците мора да ги отфрлат руските тврдења дека Сирија никогаш не користела хемиско оружје. Тој рече дека Сирија и Русија, мора да се држат одговорни за овие злодела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG