Линкови за пристапност

Трибина во Обединетата македонска дијаспора


Изборите во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:44 0:00

Изборите во Македонија

Предизвиците и можностите од парламентарните и претседателските избори во Македонија

На трибината во Вашингтон, што ја водеше претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Мето Колоски, учесниците Сара Бади од Националниот демократски институт (НДИ), Реуф Бајровиќ од Институтот за демократиите во развој и Жикица Паговски од ОМД се согласија дека е важно на претстојните избори да се чуе гласот на граѓанинот.

Тие констатираа дека подобрувањето на економската слика треба да остане главен предизвик и по изборите, за да се унапреди стандардот на живеење.

Паговски, кој е претставник на ОМД за Мериленд, главниот град Вашингтон и Вирџинија, ја нагласи потребата од поголема можност за гласање на иселениците во САД, како и отворање на нови гласачки места.

Бади, раководителката на програмата за Македонија во НДИ, рече дека нејзината организација нема свои набљудувачи на изборите, но учествува со организирање на дебати за претседателските и парламентарни избори.
Ние сме големи поборници на организирање на дебати
Сара Бади, НДИ
„Генерално, поттикнуваме на отворена и транспарентна дискусија со медиумите. Ние сме големи поборници на организирање на дебати. Задоволни сме што имаше дебата на претседателските кандидати на државната телевизија, но поттикнуваме на многу повеќе дебати и се надеваме дека сите партии ќе учествуваат“, рече Бади.

Бајровиќ од Институтот за демократиите во развој смета дека Македонија, како и другите земји од регионот, треба да се фокусира на внатрешно-политичките прашања, со посебен акцент на медиумите.

„Состојбата со медиумите е особено важна. Слободата на медиумите е суштинска за зацврстување на демократијата во Македонија и останатиот дел од Балканот“, кажа Бајровиќ.

Соговорниците заклучија дека зацврстувањето на граѓанското општество и поддршката за невладините организации играат голема улога во демократските процеси.
XS
SM
MD
LG