Украинското министерство за внатрешни работи отвори две криминални истраги за евентуално надгледување на поранешната американска амбасадорка во Киев, Мари Јованович. Засега, нема детали.
Веста доаѓа во време кога помошник на личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека претседателот бил свесен за кампањата за притисок врз украинската влада за да спроведе истрага од која Трамп ќе стекне политички поени.
„Трамп знаеше, што точно се случува“, изјави Лев Парнас за Рејчел Медоу во интервју за Ем-Ес-Ен-Би-Си.
Њујорк тајмс го цитираше Парнас кој рекол дека е „уверен дека Трамп знаел што прави Руди Џулијани во Украина“
Претходно, Трамп негираше дека го испратил Џулијани, неговиот личен адвокат во Украина да бара „нечисти работи“ за Џо Бајден, поранешен потпретседател и ривал на претседателските избори 2020-та во САД.
Facebook Forum