Украински патнички авион се урна кусо време по полетувањето од меѓународниот аеродром во Техеран. Нема преживеани.
Иранските државни медиуми, јавија дека Боингот 737-800 пренесувал 170 патници и членови на екипажот и летал кон Киев.
Властите ја истражуваат причината за уривањето. Државните медиуми јавија за механички проблеми на авионот, но се уште нема официјална потврда.
Производителот на авионот Боинг, објави дека и натаму собира информации за несреќата.
Уривањето на авионот доаѓа само неколку часа откако Иран лансираше напад со балистички проектили врз две бази во Ирак, каде се стационирани американски војници, како одмазда за убиството на генералот на Револуционерната гарда на Иран, Касем Солејмани.
Facebook Forum