Линкови за пристапност

Украина по изборите: „Холограм-кандидат“ кој вети свеж почеток


Граѓаните повеќе му веруваат на политички неискусна личност, отколку на искусен политичар

Убедливата победа во неделата на ТВ комичарот Володимир Зеленски врз актуелниот претседател Петро Порошенко на украинските претседателски избори од поддржувачите на 41-годишниот критичар на власта е свеж почеток во најсиромашната држава во Европа.

„Холограм-кандидатот“, како што се окарактеризира младиот комичар во кампањата, вели дека е нејасно каква политика ќе води да стави крај на војувањата против про-руските сепаратисти во источна Украина, но вети дека Украинците не треба да стравуваат за претседателскиот мандат на личност којшто нема владино искуство.

Дури е нејасно како ќе ја води Украина кон просперитет и ослободена од ендемската корупција. Кампањата на познатиот шоумен во Украина, кој има голем број следбеници на Инстаграм, понуди малку решенија за наталожените проблеми во државата.

“Украинците му дадоа пет години на Порошенко, и скаат нешто поинакво, и гласаа дека се спремни да преземат ризик со Зеленски. Фактот што Зеленски не е ниту олигарх ниту политичар, нуди сосема поинаков пристап“, коментира аналитичарот Тимоти Аш, спроти гласањето.

Зеленски ја лансираше кандидатурата, неочекувано, на новогодишната ноќ, и веднаш доби неочекувана поддршка од гласачите. Тој е оден во југоисточниот дел на Украина и говори руски јазик. Порошенко се обиде да го престави како марионета на Путин, но не успеа.

Мрачниот облак од војната на истокот со 13.000 жртви, ги пренасочи мнозинството Украинци да имаат проблем со економските предизвици отколку да размислуваат за надворешната политика.

Тие чувствуваат дека се оставени сами на себе, велат аналитичарите за бавното темпо на промени и реформи во мандатот на Порошенко, особено во делот на ендемска корупција во државата.

Минатата недела, комичарот Зеленски рече: „Ќе сторам се` што можам, но додаде „ако не успеам, ќе се повлечам“. Но, прашањето - е што ќе стори?

Победата на Зеленски ја изненади меѓународната заедница. Иако, честопати изразуваше фриустрираност со Порошенко поради галопирачката корупција, тие велеа дека барем го познаваа неговиот капацитет. Западните дипломати за Гласот на Америка од Киев ја отстранија загриженоста дека Зеленски има тајна анти-западна агенда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG