Украинскиот премиер Микола Азаров вели дека новиот договор со Русија ќе ја ревитализира економијата и ќе биде избегнат колапс, но во Киев и други украински градови продолжуваат проевропските протести.
Азаров ова го изјави денес, еден ден по средбата во Москва меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Виктор Јанукович. Путин вети дека ќе ја намали цената на извозот на природниот гас во Украина за една третина, како и дека ќе даде кредит од 15 милијарди долари.
Опозициониот водач Витали Кличко реагираше на веста со сомнеж, порачувајќи им на поддржувачите дека Јанукович ги продал националните интереси, независноста и шансите на Украина за подобар живот.
Противвладините протести во Украина започнаа пред еден месец, кога Јанукович одби да го потпише трговскиот договор со ЕУ, за сметка на поблиски врски со Русија. Ова е најголемата политичка криза во Украина последниве десет години.