Линкови за пристапност

Супер Лига наместо натпреварувања во УЕФА


Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона се меѓу позвучните клубови кои изразија интерес

12 моќни европски клубови планираат да започнат правен процес за формирање Супер-Лига, и ќе ги информираат челниците во ФИФА и УЕФА кои се закануваат дека ќе ги попречат нивните намери.

Во писмото од италијански, англиски, шпански клубови е испратено со претседателот на ФИФА Џани Инфантино и првиот човек на УЕФА, Александер Церефин, се наведува дека Супер Лигата веќе обезбедила грант од 5,5 милијарди долари од финансиски институции.

УЕФА се закани дека ќе преземе правни мерки против нив и ќе им забрани да се натпреваруваат во домашните првенства. Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона се меѓу позвучните клубови.

Во моментов, тимовите треба да се квалификуваат секоја година за Лигата на шампионите преку домашните првенства, но Супер – Лигата ќе им обезбеди автоматско учество на 15 тимови, кои ќе бидат основувачи на проектот.

Ваквата идеја дојде од американските сопственици на Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кои што имаат франшизи во американски лиги - модел на натпреварување кој се обидуваат да го наметнат и во Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG