Загинати и пустош остави тајфунот Мангкут на својот пат од Филипините до јужна Кина, по што неговата сила се намали на тропска бура.
Кинеските власти соопштија дека четворица загинале во Гуангдонг, најнаселената провинција во земјата, со што вкупната бројка на настрадани се искачи на 69 луѓе.
Пред налетот на тајфунот од провинцијата беа евакуирани повеќе од 2,4 милиони луѓе.
Властите од Хонг Конг почнаа ја да проценуваат штетата од Мангкут што во копното удри со ветрови чија брзина беше поголема од 230 километри на час. Беше прогласен највисок, десетти, степен на тревога.
Невремето однесе покриви од згради, урна дрвја, искрши прозорци на облакодерите и нанесе бројни штети врз сообраќајната мрежа.
Сепак, најмногу жртви се избројани на Филипините. Во градот Итогон, на островот Лусон, дојде до лизгање на земјиште. Веќе се пронајдени тела на повеќемина загинати.
Тајфунот ги погоди Филипините во саботата, при што северните делови на Лусон беа зафатени од ветришта со брзина од 270 километри на час. Уништени се бројни домови, а има големи оштетувања и на електричната мрежа.
Facebook Forum