Ко-основачот на Твитер Џек Дорси кои беше прв извршен директор во 2007-ма, а беше принуден да се повлече една година подоцна, па повторно се врати на позицијата 2015-та, сега повторно поднесе оставка.
Твитер се соочува со бавен растеж, а тоа предизвикува незадоволство кај инвеститорите, дополнително на неуспехот да се справи со проблемите со говорот на омраза и заплашувањата по социјалната мрежа.
Оваа платформа на социјалните медиуми беше вклучена во вжештената политичка атмосфера пред изборите во 2020-та. На поранешниот претседател Трамп му беше блокиран профилот на Твитер, а Дорси го бранеше потегот на компанијата дека твитовите од 6-ти јануари од поранешниот претседател резултирале со ризик по јавната безбедност и создале голем притисок врз компанијата.
Трамп го тужеше Твитер, заедно со Фејсбук и Јутјуб во јули за наводна цензура.
Твитер го назначи главниот шеф за технологија Параг Аргарал за нов извршен директор. Дорси останува на Бордот до истекување на мандатот во 2022-ра.
Facebook Forum