Линкови за пристапност

Риџис Филбин кажа збогум на телевизијата


Риџис Филбин кажа збогум на телевизијата
Риџис Филбин кажа збогум на телевизијата

Водителот кој мина најмногу време пред ТВ-камерите - над 17.000 часа!

Риџис Филбин се збогува од популарното утринско шоу „Во живо со Риџис и Кели“ на мрежата АБЦ. Ветеранот на ТВ-водителството се повлекува од емисијата по 28 години минати како нејзин заштитен знак. 80-годишниот Филбин влезе во Гинисовата книга на рекорди како човек кој минал најмногу време пред камерите – над 17.000 часа!

„Го замислив шоуто така што луѓето да се чувствуваат подобро, да му пријдат на животот од поинаков, посмешен агол“ вели популарниот Риџис.

Меѓу бројните ѕвезди кои со снимени пораки му посакаа долговечна пензија беа Џастин Тимберлејк, Селена Гомез, Ен Хатавеј. Во публиката, пак, беа Кејти Курик, Доналд Трамп, Алан Ајда и Меридит Виера. Гости на Риџис во последната емисија му беа колегата водител Дејвид Летерман и потпретседателот на САД Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG