Турски државни медиуми јавија дека најмалку 20 курдски милитанти се убиени во воздушни напади во северен Ирак.
Цел на нападите на борбените авиони Ф-16 биле бунтовници од Курдската работничка партија, кои се лоцирани во планинскиот регион на Хакурт во близина на ирачката граница со Турција.
Турските борбени авиони честопати изведуваат бомбашки напади врз камповите на ПКК во северен Ирак и североисточниот дел на Турција. Бунтовниците возвраќаат со серија бомбашки напади врз безбедносните сили.