Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвини САД за „империјализам“ во обидот да го сменат претседателот на Венецуела Николас Мадуро.
Во говор во парламентарците од неговата партија, Ердоган го праша претседателот на САД Доналд Трамп, „со кое право сакате да назначите уште друг претседател“, прашувајќи „каде е демократијата во целиот процес и како може ова да е прифатливо“?
И Вашингтон, и ЕУ го признаа Хуан Гуаидо за преоден претседател, а поддршката на Ердоган за претседателот Мадудо го оддалечи турскиот лидер, од курсот на западните сојузници.
Противниците на Мадуро го обвинија за поткопување на демократијата и главен виновник за колабирањето на домашната економија.
Facebook Forum