Линкови за пристапност

САД ќе испратат ракети Патриот во Турција


НАТО ќе раководи со пошироката акција против евентуални ракетни напади од Сирија, а ракети ќе испратат и Германија и Холандија.

САД ќе испратат две артилериски батерии со ракетите Патриот и 400 војници во Турција, во рамки на поширокиот напор да и` се помогне на земјата да се одбрани од евентуални ракетни напади од Сирија.

Портпаролот на Пентагон Џорџ Литл соопшти дека секретарот за одбрана Леон Панета потпишал ваква наредба кусо време откако денска пристигна во ненајавена посета на Турција. Според Литл, батериите ќе се распоредат во наредните неколку недели, но не кажа точно каде.

Можеме да и` помогнеме на Турција да има таква противракетна одбрана што можеби ќе и` биде потребна за да се справи со заканите од Сирија
Леон Панета

„Можеме да и` помогнеме на Турција да има таква противракетна одбрана што можеби ќе и` биде потребна за да се справи со заканите од Сирија“, изјави нешто подоцна Панета, за време на посетата на воздухопловната база Инџирлик.

Во рамки на операцијата со која ќе раководи НАТО, Германија и Холандија исто така ќе испратат батерии со ракетите Патриот.

Претходно месецов, НАТО одобри распоредување на одбранбен противракетен систем во Турција откако Анкара изрази загриженост за прекуграничното гранатирање и можноста Сирија да употреби хемиско оружје против бунтовниците.
XS
SM
MD
LG